Повик од ОН за прекин на судирите меѓу Азербејџан и Ерменија

Ерменија повторно претера мислејќи дека ќе биде од корист во нерешавањето на спорот, но овојпат одговорот го добива на терен

1498383
Повик од ОН за прекин на судирите меѓу Азербејџан и Ерменија

 

ОН ги осуди убиствата на невините цивили во судирите меѓу Азербејџан и Ерменија и упати повик до страните за прекин на судирите.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во изјавата што ја објави со посредство на портпаролот Стефан Дујариќ рече дека е многу загрижен од повторното започнување на судирите меѓу двете земји на контакт линијата во Нагорно Карабах.

Гутереш рече дека ги осудува употребата и примената на сила како и смртта на цивилите во судирите, поради што упати повик до страните веднаш да прекинат со судирите и без задоцнување да се вратат кон преговорите за намалување на тензиите.

Во соопштението беше истакнато дека Гутереш ќе оствари телефонски разговори со азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и ерменскиот претсдетаел Никол Пашинјан.

Во меѓувреме, ист повик пристигна и од страна на САД.

Американскиот Стејт департмент упати повик до Азербејџан и Ерменија за што поскоро прекинување на судирите во Нагорно Карабах.

Вчера во утринските часови на ерменско-азербејџанската прва линија на фронтот, ерменските сили отворија оган врз азербејџанските цивилни населени места по должината на границата поради што избувнаа судири.

Азербејџанската армија започна контранапад и ослободи некои населени места од ерменската окупација.



Слични вести