Алиев и Макрон разговараа телефонски за судирите на ерменско-азербејџанската фронтова линија

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и францускиот претседател Емануел Макрон разговараа телефонски за судирите на ерменско-азербејџанската фронтова линија

1498569
Алиев и Макрон разговараа телефонски за судирите на ерменско-азербејџанската фронтова линија

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и францускиот претседател Емануел Макрон остварија телефонски разговор посветен на судирите на ерменско-азербејџанската фронтова линија.

Според објавеното соопштение од претседателството на Азербејџан, францускиот претседател Емануел Макрон кој го побара по телефон претседателот Илхам Алиев ја изнесе загриженоста поради судирите коишто се водат на ерменско-азербејџанската фронтова линија и истакна дека проблемот треба да се реши по пат на преговори.

Претседателот Алиев пак, му рече на францускиот претседател Макрон дека ерменската управа совесно го прекршува процесот на преговорите и напомена дека изјавата на (ерменскиот премиер) Никол Пашинјан во однос на тоа дека „Нагорно Карабах и припаѓа на Ерменија“ му нанесува сериозен удар на процесот. 

Велејќи дека ерменската армија на 27 септември отвори оган со тешко оружје врз азербејџанските позиции и цивилните населени места и како резултат на тоа има цивилни и воени загуби, Алиев привлече внимание дека и азербејџанската армија како одговор на тоа премина во противнапад.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев нагласи дека за сите настани коишто се доживуваат е одговорна ерменската управа.

Во телефонскиот разговор, двајцата претседатели Алиев и Макрон постигнаа согласност по прашањето на воспоставување на контакт со посредство на дипломатски канали. 



Слични вести