Повик од Европските земји за прекин на судирите меѓу Ерменија и Азербејџан

Спорот околу Нагорно Карабах во регионот единствено може да се реши по пат на преговори

1498192
Повик од Европските земји за прекин на судирите меѓу Ерменија и Азербејџан

Европските земји упатија повик до Ерменија и Азербејџан веднаш да ги прекинат судирите.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Маас во писмената изјава изрази загриженост од информациите за повторно започнување на судирите меѓу Ерменија и Азербејџан.

„Двете страни ги повикувам веднаш да прекинат со конфронтирачки ставови и ообено бомбардирањето на градовите.

Спорот околу Нагорно Карабах во регионот единствено може да се реши по пат на преговори. Минск групата на ОБСЕ е спремна за тоа, рече Маас и повдлече:

Ерменија и Азербејџан веднаш треба да прекинат со жестоките акции и да започнат со преговори.

Портпаролот на француското министерство за надворешни работи Агнес вон дер Мул во писмената изјава исто така изрази загриженост од случувањата во Нагорно Карабах и упати повик до страните за спречување на судирите и повторно започнување на дијалогот.

Мул рече дека Франција во својство на ко-претседател на Групата Минск, заедно со партнерите Русија и Америка уште еднаш ја повторуваат одлучноста за започнување на преговорите во врска со Нагорно Карабах согласно меѓународното право и постигнување трајно мировно решение.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи на Италија беше истакнато следното:

„Италија апелира до страните што поскоро да прекинат со насилството и особено под покровителство на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) да се преземат сите потребни мерки и да се вложат напори за намалување на ризикот за зголемување на напнатоста“.

Лидерот на католичкиот свет и претседател на Ватикан папата Франциск во традиционалната неделна проповед се соврна на напнатоста меѓу двете земји и рече дека се моли за мир на Кавказ. Папата апелираше за решавање на проблемот по пат на дијалог и преговори, а не со оружје и сила.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Меѓународниот комитет на црвениот крст (МКЦК) со седиште во Женева беше упатен повик до страните да се придржуваат кон основните начела на меѓународните човекови права и животите на цивилите и во тие рамки беше изнесено барање за преземање на сите потребни мерки.



Слични вести