НАТО упати повик до Азербејџан и Ерменија за стопирање на судирите

Џејмс Апатураи, специјалниот претставник за Кавказ и Централна Азија на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, соопшти дека НАТО чувствува длабока загриженост од судирите судирите на фронтовата линија во Нагорно Карабах

1498180
НАТО упати повик до Азербејџан и Ерменија за стопирање на судирите

НАТО, упати повик до Азербејџан и Ерменија за стопирање на судирите на фронтовата линија.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Џејмс Апатураи, специјалниот претставник за Кавказ и Централна Азија на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, се истакнува дека НАТО чувствува длабока загриженост од судирите на фронтовата линија во Нагорно Карабах.

Велејќи дека има цивилни загуби, Апатураи рече: „Страните под итно треба да ги сопрат судирите.“

Тој нагласи дека не може да се постигне воено решение за спорот и го подвлече следното: „Страните треба повторно да започнат со преговори за мирољубиво решение. НАТО ги поддржува напорите на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ).“

Инаку, на ерменски-азербејџанската фронтова линија ерменските сили извршија напади со тешко оружје врз азербејџанската армија и азербејџанските цивилни населени места по што започнаа судири помеѓу двете земји. 



Слични вести