Ерменските сили утрово започнаа напади врз азербејџанската армија и азербејџанските цивилни населени места

Ерменската армија рано утрово околу 06:00 часот реализира провокација од широк обем во должина на фронтовата линија и отвори оган со тешко оружје, со топови и хаубици врз позициите на азербејџанската армија и цивилните населени места

1497960
Ерменските сили утрово започнаа напади врз азербејџанската армија и азербејџанските цивилни населени места

Откако ерменските сили  отворија оган врз азербејџанските цивилни населени места азербејџанската армија започна против напад врз ерменските позиции во должина на целата фронтова линија.

Според објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан, ерменската армија рано утрово околу 06:00 часот реализира провокација од широк обем во должина на фронтовата линија и отвори оган со тешко оружје, со топови и хаубици врз позициите на азербејџанската армија и цивилните населени места.

Во соопштението се вели дека во интензивното гранатирање од страна на ерменската армија врз селата Гапанли кај Тертер, Чиракли и Орта Гарванд кај Агдам, Алханли и Шукурбејли кај Фузули и Чоџук Мерџанли кај Џебрајил има загинати и ранети цивили.

Пристигнуваат информации дека е предизвикана сериозна штета и врз цивилната инфраструктура во областа врз која се реализирани ерменските напади.

Во едно друго објавено соопштение од азербејџанското Министерство за одбрана се истакнува дека командантите на азербејџанската армија за обезбедување на безбедноста на цивилното население донесоа одлука да се започне со противнапад во должина на целата фронтова линија.

Во соопштението се вели следното: „Со поддршка на копнените единици, тенковските единици, ракетните и топовските единици и беспилотни летала се уништени голем број утврдени ерменски војници, ерменски воени објекти и воени возила на фронтовата линија и подлабоко во појасот. Во различни делови на фронтовата линија се уништени и 12 противавионски ракетни системи од типот 'OSA“ во сопственост на Ерменија.“

Во истото соопштение стои и тоа дека во областа Тертер од страна на ерменската армија е срушен еден воен хеликоптер на азербејџанските вооружени сили и дека екипажот на хеликоптерот се спасил.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во врска со започнатите напади од страна на Ерменија врз позициите на азербејџанската армија и азербејџанските цивилни населени места го рече следното:

„Во нападите коишто се започнати од страна на Еремнија имаме шехиди (загинати) и ранети. Крвта на нашите шехиди (загинати) нема да остане на земјата (неосветена). Уништивме воени возила на ерменската армија. Ерменија се обидува илегално да се насели на нашите окупирани територии.“

Нагласувајќи дека Азербејџан ги брани своите сопствени територии, претседателот Илхам Алиев го подвлече следното: „Нагорно Карабах е наше, Нагорно Карабах е на Азербејџан.“

Во меѓувреме, азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека во областите на Фузули и Џебрајил се ослободени од ерменска окупација 6 азербејџански села.



Слични вести