Ерменија прогласи „воена состојба“ и „општа мобилизација“

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан информира дека поради ситуацијата во Нагорно Карабах е прогласена „воена состојба“ и „општа мобилизација“ во земјата

1498126
Ерменија прогласи „воена состојба“ и „општа мобилизација“

Ерменските власти, поради ситуацијата во Нагорно Карабах прогласија „воена состојба“ и „општа мобилизација“ во земјата.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан преку социјалните медиуми даде изјави во врска со вооружените судири помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Пашинјан наведе дека Азербејџан започна напад од подрачјето на Нагорно Карабах и рече: „Ситуацијата во моментов се развива брзо. Тогаш кога ќе затреба ќе бидат дадени информации.“

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан информира дека поради ситуацијата во Нагорно Карабах е прогласена „воена состојба“ и „општа мобилизација“ во земјата.

Освен тоа, се истакнува дека Пашинјан го свикал и Советот за безбедност во врска со ситуацијата.

Од друга страна, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оствари телефонски разговор со ерменскиот министер за надворешни работи Зораб Мнатсаканјан.

Во објавеното соопштение од руското министерство за надворешни работи се истакнува дека во телефонскиот разговор била разгледана ситуацијата во подрачјето на Нагорно Карабах, а воедно се вели следното: „Лавров, ја изрази својата загриженост поради вестите коишто пристигнуваат во врска со судирите од голем обем коишто продолжуваат на контакт линијата и за загинатите и ранетите во овие судири. Беше нагласено дека постои потреба од брзо воспоставување на прекинот на огнот.“ 

Во соопштението стои дека Русија заедно со другите членови на Групата Минск на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) ќе ги продолжи своите напори за посредување во правец на вспоставување на стабилноста на ситуацијата.



Слични вести