Азербејџанската армија ослободи 6 окупирани села во областите на Фузули и Џебрајил

Селата Караханбејли, Гервенд, Гередиз и Јукари Абдуррахманли во областа на Фузули и селата Бујук Мерџанли и Нузѓар во областа на Џебрајил кои долги години се под ерменска окупација преминаа под контрола на азербејџанската армија

1498154
Азербејџанската армија ослободи 6 окупирани села во областите на Фузули и Џебрајил

Aзербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека во областите на Фузули и Џебрајил се ослободени од ерменска окупација 6 азербејџански села.

Портпаролот на Министерството за одбрана потполковник Анар Ејвазоз на одржаната прес-конференција информира дека селата Караханбејли, Гервенд, Гередиз и Јукари Абдуррахманли во областа на Фузули и селата Бујук Мерџанли и Нузѓар во областа на Џебрајил кои долги години се под ерменска окупација преминаа под контрола на азербејџанската армија.

Велејќи дека е воспоставена контролата и во некои стратешки ридови во правец на Агдере и Муровдаг, Ејвазов појасни дека продолжува операцијата за ослободување и на другите населени места.

Воената команда на Азербејџан упати повик до командантот на гарнизонот на ерменските вооружени сили во областа на Агдере која се наоѓа под окупација, за да не дојде до зголемување на жртвите да „не покажат отпор и да се предадат“.

Во објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за одбрана се истакнува дека доколку се предаде ерменскиот гарнизон кон воените заробеници и цивилните заложници ќе се постапува во согласност со Конвенцијата од Женева и другите меѓународни правни норми.

Во соопштението се напоменува дека доколку ерменските сили продолжат да покажуваат отпор ќе биде неутрализиран секој вооружен.

Во меѓувреме, под претседателство на претседателот Илхам Алиев се состана и Советот за безбедност на Азербејџан.



Слични вести