Азербејџан поради судирите со ерменските сили прогласи „воена состојба“

Прогласената „воена состојба“ ќе важи за главниот град Баку, градовите Генџе, Сумгајит, Јевлах, Мингечевир, Нафталан и населените места Абшерон, Џебраил, Фузули, Бејлеган, Агдам, Тертер, Ѓојѓол, Дашкесен, Гедебеј, Товуз, Шемкир, Казах и Агстафа

1498178
Азербејџан поради судирите со ерменските сили прогласи „воена состојба“

Националното Собрание на Азербејџан ја ратификува одлуката на претседателот Илхам Алиев за прогласување „воена состојба“ во некои области на земјата, поради судирите коишто продолжуваат на ерменско-азербејџанската фронтова линија.

Согласно ратификуваната одлука на одржаната вонредна седница на Националното Собрание, ќе бидат делумно и привремено ограничени уставните права и слободи на азербејџанските граѓани и на странците во земјата, се додека продолжи „воената состојба“.

Со прогласената „воена состојба“ се предвидува да биде воведена и забрана за излегување на улица (за движење) во некои области во одредени временски термини.

Портпаролот на претседателството на Азербејџан Хикмет Хаџиев истакна дека „воената состојба“ ќе започне во 00:00 часот на 28 септември и дека ќе важи за главниот град Баку, градовите Генџе, Сумгајит, Јевлах, Мингечевир, Нафталан и населените места Абшерон, Џебраил, Фузули, Бејлеган, Агдам, Тертер, Ѓојѓол, Дашкесен, Гедебеј, Товуз, Шемкир, Казах и Агстафа.

За време на „воената состојба“ од 21:00 до 06:00 часот ќе може да се излегува на улица само со дозвола.

Според објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан, ерменската армија рано утрово околу 06:00 часот реализира провокација од широк обем во должина на фронтовата линија и отвори оган со тешко оружје, со топови и хаубици врз позициите на азербејџанската армија и цивилните населени места.

Во соопштението беше истакнато дека во интензивното гранатирање од страна на ерменската армија врз селата Гапанли кај Тертер, Чиракли и Орта Гарванд кај Агдам, Алханли и Шукурбејли кај Фузули и Чоџук Мерџанли кај Џебрајил има загинати и ранети цивили. Потоа пристигнаа информации дека е предизвикана сериозна штета и врз цивилната инфраструктура во областа врз која се реализирани ерменските напади.

Во едно друго објавено соопштение од азербејџанското Министерство за одбрана беше истакнато дека командантите на азербејџанската армија за обезбедување на безбедноста на цивилното население донесоа одлука да се започне со противнапад во должина на целата фронтова линија.

Во соопштението се вели следното: „Со поддршка на копнените единици, тенковските единици, ракетните и топовските единици и беспилотни летала се уништени голем број утврдени ерменски војници, ерменски воени објекти и воени возила на фронтовата линија и подлабоко во појасот. Во различни делови на фронтовата линија се уништени и 12 противавионски ракетни системи од типот 'OSA“ во сопственост на Ерменија.“

Во истото соопштение стои и тоа дека во областа Тертер од страна на ерменската армија е срушен еден воен хеликоптер на азербејџанските вооружени сили и дека екипажот на хеликоптерот се спасил.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во врска со започнатите напади од страна на Ерменија врз позициите на азербејџанската армија и азербејџанските цивилни населени места го рече следното:

„Во нападите коишто се започнати од страна на Еремнија имаме шехиди (загинати) и ранети. Крвта на нашите шехиди (загинати) нема да остане на земјата (неосветена). Уништивме воени возила на ерменската армија. Ерменија се обидува илегално да се насели на нашите окупирани територии.“

Нагласувајќи дека Азербејџан ги брани своите сопствени територии, претседателот Илхам Алиев го подвлече следното: „Нагорно Карабах е наше, Нагорно Карабах е на Азербејџан.“

Од друга страна, азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека во областите на Фузули и Џебрајил се ослободени од ерменска окупација 6 азербејџански села.

Портпаролот на Министерството за одбрана потполковник Анар Ејвазоз на одржаната прес-конференција информира дека селата Караханбејли, Гервенд, Гередиз и Јукари Абдуррахманли во областа на Фузули и селата Бујук Мерџанли и Нузѓар во областа на Џебрајил кои долги години се под ерменска окупација, преминаа под контрола на азербејџанската армија.

Велејќи дека е воспоставена контролата и во некои стратешки ридови во правец на Агдере и Муровдаг, Ејвазов појасни дека продолжува операцијата за ослободување и на другите населени места.

По реализираната воена операција од страна на азербејџанската армија во правец на месноста Горанбој пак, е ослободена областа Муровдаги.

Воената команда на Азербејџан упати повик до командантот на гарнизонот на ерменските вооружени сили во областа на Агдере која се наоѓа под окупација, за да не дојде до зголемување на жртвите да „не покажат отпор и да се предадат“.

Во објавеното соопштение од азербејџанското Министерство за одбрана се истакнува дека доколку се предаде ерменскиот гарнизон кон воените заробеници и цивилните заложници ќе се постапува во согласност со Конвенцијата од Женева и другите меѓународни правни норми.

Во соопштението се напоменува дека доколку ерменските сили продолжат да покажуваат отпор ќе биде неутрализиран секој вооружен.

Во меѓувреме, под претседателство на претседателот Илхам Алиев се состана и Советот за безбедност на Азербејџан.

 



Слични вести