Во Нигерија се убиени 7 високо рангирани членови на терористичката организација Боко Харам

Во реализирани операции во басенот на Чадското езеро североисточниот дел на Нигерија се убиени 7 високо рангирани членови на терористичката организација Боко Харам

1497169
Во Нигерија се убиени 7 високо рангирани членови на терористичката организација Боко Харам

Во североисточниот дел на Нигерија се убиени 7 високо рангирани членови на терористичката организација Боко Харам. 

Портпаролот на нигериското Министерство за одбрана Џон Ененче истакна дека по убиството од страна на Боко Харам на еден полковник се реализирани операции во басенот на Чадското езеро.

Ененче рече дека во овие операции биле убиени 7 високо рангирани членови на терористичката организација Боко, а четворица терористи се предале.

Тој ја сподели информацијата дека во операциите се уништени камповите на терористичката организација и дека се запленети и значајни количини муниција на организацијата. 



Слични вести