Унгарскиот премиер Орбан се противи на новиот пакет за миграција и мигранти на Европската комисија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека негова земја нема да го прифати новиот пакет за миграција и мигранти подготвен од страна на Комисијата на Европската унија (ЕУ)

1496898
Унгарскиот премиер Орбан се противи на новиот пакет за миграција и мигранти на Европската комисија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во белгискиот главен град Брисел се состана со претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен, чешкиот премиер Андреј Бабиш и полскиот премиер Матеуш Моравецки.

По средбата се одржа заедничка прес-конференција на која Орбан истакна дека негова земја нема да го прифати новиот пакет за миграција и мигранти подготвен од страна на Комисијата на Европската унија (ЕУ).

Застанувајќи во одбрана на тоа дека Европската комисија (ЕК) не го промени својот став по прашањето на мигрантите и дека тоа само го изнесува на различен начин, Виктор Орбан рече: „И покрај тоа што во новиот пакет за миграција и мигранти којшто Европската комисија (ЕК) го промовира во средата, квотата се нарекува различно, тоа повторно е квота и Унгарија не го прифаќа тоа.“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан истакна дека во пакетот нема било какво напредок и дека не треба да се прифати влезот на никого во Европската унија (ЕУ) по илегални (незаконски) патишта.

„Пакетот вели да се управува некако со миграцијата, меѓутоа ставот на Унгарците е да се сопре миграцијата.“ - рече Орбан.



Слични вести