Сараџ ги повика земјите во СБ на ОН кои го поддржуваат Хафтар да ги преразгледаат своите одлуки

Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ ги повика земјите во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) кои го поддржуваат Халифа Хафтар да ги преразгледаат овие свои одлуки

1497126
Сараџ ги повика земјите во СБ на ОН кои го поддржуваат Хафтар да ги преразгледаат своите одлуки

Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ, се обрати преку видео-конференција на вториот ден од состаноците на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).

Сараџ ги повика земјите во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) кои го поддржуваат Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата, да ги преразгледаат овие свои одлуки.

Тој побара од овие земји да работат со легитимната Влада на национално единство во Либија која е призната и од страна на Обединетите нации (ОН).

"Упатуваме повик до Обединетите нации (ОН) да покренат истрага во врска со прекршувањата на милициските сили на Хафтар во градот Сирте." - рече Сараџ. 

Потсетувајќи дека на 21 август прогласија прекин на огнот во земјата, либискиот премиер Фајез ал-Сараџ напомена дека за да би бил ефикасен и траен овој прекин на огнот, областите на Сирте и Џуфра коишто се наоѓаат под контрола на Хафтар трева да бидат исчистени од оружје и странските борци платеници треба да ја напуштат земјата.

Освен тоа Сараџ нагласи дека мора да се направи реформа во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) кој веќе не ја претставува постоечката вистина на светот.



Слични вести