Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 208 илјади 538 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 7 милиони 185 илјади

1496965
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super covid19
super covid19 abd
süper covid19.jpg
SPR Barcelona covid.jpg
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
Covid-19.jpg
super covid19 portekiz
Covid-19.jpg
super covid19 4.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 987 илјади 813 лицa, на случаите на зараза изнесува над 32 милиони 420 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 23 милиони 935 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 207 илјади 538 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 7 милиони 185 илјади 471.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и која се смета за епицентар во Латинска Америка, со смртта на уште 858 лица бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 139.883 лица, а на случаите на зараза со раст од 39.797 изнесува 4 милиони 497 илјадa 434 лица. Светски познатиот карневал Рио којшто се одржува во Рио де Жанеиро поради продолжување на пандемијата е одложен на неодредено време.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 490 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 75.439, додека со регистрирани 5.408 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 715.457 лица. 

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, бројот на смртните случаи во изминатите 24 часа со раст за уште 40 лица достигна до вкупно 41.902 лица, а со регистрирани 6.634 нови случаи бројот на инфектираните во земјата се зголеми на 416.363 лица. Регистрираните нови случаи во последниот еден ден се највисока бројка во земјата од почетокот на епидемијата.

Главниот научен советник на британската Влада Патрик Валанс во дадената изјава на 20 септември привлече внимание дека случаите на Ковид-19 секоја недела се зголемуваат двократно и предупреди дека доколку продолжи вака кон средината на октомври би можеле да се регистрираат дневно дури и по 50 илјади нови случаи на зараза. По одлуките за ограничување коишто беа донесени од страна на британскиот премиер Борис Џонсон, баровите и рестораните во земјата се затвораат во 22:00 часот по локално време.

Во Италија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 35.781 лице, а на случаите на зараза достигна до 304.323. 

Во Франција, бројот на починатите со смртта на уште 52 лица во изминатите 24 часа изнесува вкупно 31.511, а на случаите на зараза со раст од дури 16.096 лица што претставува највисока бројка од почетокот на епидемијата, се зголеми на вкупно 497.237 лица. Со растот во бројот на пациентите на интензивна нега, ситуацијата во земјата продолжува да оди кон лошо. Во објавеното соопштение од Групата на болниците во Париз се истакнува дека почнувајќи од крајот на оваа недела ќе бидат одложени 20 отсто од операциите во главниот град.

Во Шпанија, во последната една недела од Ковид-19 починаа 500 лица со што бројот на смртните случаи се искачи на 31.118 лица. Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 10.653 нови случаи и дека бројот на инфектираните достигна до 704.209 лица. Автономната управа на Мадрид соопшти дека ќе биде преразгледана ситуацијата во врска со развојот на епидемијата и дека денеска ќе бидат соопштени некои дополнителни превентивни мерки.

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 3 лица, а се регистрирани 691 новозаразен. Бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 1.931, а на инфектираните достигна до 71.156 лица.

Во сојузната држава Викторија во Австралија, во изминатите 24 часа животот го загубија уште 8 лица, со што бројот на смртните случаи се зголеми на 869.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 31.938

Колумбија 24.924

Аргентина 14.766

Чиле 12.469

Еквадор 11.213

Белгија 9.965

Германија 9.519

Канада 9.249

Боливија 7.765

Холандија 6.312

Шведска 5.878

Романија 4.591

Полска 2.369

Швајцарија 2.061

Португалија 1.931

Молдавија 1.252

Австралија 869

Бугарија 785

Босна и Херцеговина 802

Србија 745

Северна Македонија 712

Азербејџан 581

Албанија 370

Грција 366

Хрватска 261

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 5 милиони 818 илјади 570 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, во изминатите 24 часа се регистрирани уште 86.052 нови случаи. Бројот на смртните случаи пак, со раст за уште 1.141 лице се зголеми на вкупно 92.317 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 20.056, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 136 илјади.

Во Иран, кадешто досега починаа 25.015 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 436.319. 

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.444 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 309.015.

Во Израел, во изминатите 24 часа се регистрирани 59 смртни случаи што претставува највисока бројка од почетокот на пандемијата, со што бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 1.376 лица. Во земјата се регистрирани 6.499 новозаразени и вкупниот број на инфектираните достигна до 209.635 лица. Израелската управа, поради наглото зголемување на бројот на новите случаи на зараза почнувајќи од 18 септември донесе одлука за воведување на карантин во текот на 3 недели.

Во Палестина, бројот на смртните случаи се зголеми на 322 лице, а на случаите на зараза на 47.830. Министерството за здравство соопшти дека поради недостаток од медицински материјали во текот на два дена не можеле да се направат тестирања за Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 10.105

Ирак 8.799

Филипините 5.127

Бангладеш 5.072

Саудиска Арабија 4.599

Украина 3.757

Јапонија 1.520

Авганистан 1.451

Израел 1.378

Белорусија 802

Јужна Кореја 395

Бахреин 231

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 34.758 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 444 илјади 619.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 16.283, а потоа следуваат Египет со 5.835, Мароко 1.956, Алжир 1.703, Етиопија 1.148, Нигерија 1.102, Судан 836, Кенија 669, Камерун 418 починати.

 



Слични вести