Експлозија на цистерна со гориво во Нигерија: Загинаа голем број лица, прогласена е дводневна жалост

Комесарот за информација и комуникација на провинцијата Коги Кингсли Фенво истакна дека бројот на загинатите во експлозијата до која дојде на магистралниот пат Локоџа-Абуџа во областа Фелеле се зголеми на 30 лица, а 15 лица се ранети

1497145
Експлозија на цистерна со гориво во Нигерија: Загинаа голем број лица, прогласена е дводневна жалост

Бројот на загинатите во експлозијата на цистерна со течно гориво во провинцијата Коги во Нигерија се зголеми на 30 лица, а 15 лица се ранети.

Во земјата е прогласена дводневна жалост.

Комесарот за информација и комуникација на провинцијата Коги Кингсли Фенво истакна дека бројот на загинатите во експлозијата до која дојде на магистралниот пат Локоџа-Абуџа во областа Фелеле се зголеми на 30 лица, а 15 лица се ранети.

Фанво информира дека поради овој жалосен инцидент на 25 и 26 септември е прогласена дводневна жалост во земјата.

Од друга страна, во објавеното соопштение од канцеларијата на претседателството се истакнува дека претседателот Мухамаду Бухари со жалење ја примил веста за катастрофата во областа Фелеле.

Во соопштението се изразува жалење до блиските на загинатите во инцидентот, а на ранетите им се посакува побрзо оздравување.

Инаку, во инцидентот до којшто дојде вчера на магистралниот пат Локоџа-Абуџа во областа Фелеле кога една цистерна со гориво удри се судри со 5 возила, најпрвин беше соопштено дека според првични информации загинаа 23 лица, додека сега пристигнуваат вести дека бројот на загинатите се зголеми на 30 лица, а 15 лица се ранети.



Слични вести