Два терористички напади во Расулајн на северот на Сирија: Има загинати и ранети цивили

Во градчето Расулајн, во северниот дел на Сирија, се реализирани два терористички напади во кои загинаа двајца цивили, а 11 мина се ранети од кои двајца потешко

1496895
Два терористички напади во Расулајн на северот на Сирија: Има загинати и ранети цивили

Во два реализирани терористички напади во градчето Расулајн во северниот дел на Сирија, загинаа двајца цивили, а 11 мина се ранети.

Првиот терористички напад е извршен со активирање на поставена експлозивна направа во селото Тел Халаф кај градчето Расулајн на северот на Сирија, веднаш во непосредна близина на границата со Турција, наспроти населеното место Џејланпинар, кај градот Шанлиурфа.

Како што се истакнува во оваа експлозија немаше загинати или ранети.

Веднаш по првата експлозија, во истото село оовојпат експлодира возило-бомба.

Во оваа експлозија загинаа двајца цивили од кои едно дете, а 11 цивили се ранети.

Двајца потешко ранети лица се префрлени на лекување во Турција.

Локланите безбедносни сили започнаа истрага во врска со овие терористички напади за кои се стои на можноста дека се реализирани од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Инаку, градчето Расулајн беше исчистено од тероризмот на 12 октомври 2019 година со реализираната операцијата Извор на мирот од страна на Турските вооружени сили (ТВС).



Слични вести