Расте билансот на Ковид-19 во светот

Бројот на оздравените изнесува над 23 милиони 692 илјади

1496207
Расте билансот на Ковид-19 во светот

Бројот на смртнте случаи од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот се зголеми на 982 196. Бројот на инфектираните изнесува над 32 110 000, додека бројот на оние кои закрепнаа изнесува над 23 милиони 692 илјади.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави (САД), епицентарот на епидемијата се зголеми на 206 593. Бројот на инфектираните во земјата изнесува 7 139 000. Во соопштението кое беше објавено од страна на Сојузот Тајмс Сквер беше истакнато дека годинава наплоштадот Њујорк Тајмс Сквер, кој важи за најпопуларното место на новогодишните прослави во САД, оваа година, поради епидемијата Ковид-19, луѓето не ќе може да се сберат и да слават. Сојузот Тајмс Сквер, кој ги организира прославите, објави дека новогодишните прослави на плоштадот, каде што секоја година во студено време учествуваат стотици илјади луѓе, оваа година целосно ќе се одржат во виртуелно опкружување. Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека многу личат симптомите на сезонскиот грип и Ковид-19 поради што упати повик до граѓаните што побргу да се вакцинираат против грип.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Бразил се зголеми на 139 065. Бројот на инфектираните се зголеми на 4 627 000.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Мексико изнесува над 74 949. Бројот на инфектираните во земјата изнесува 710 049.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Британија, каде се забележани најмногу жртви во Европа, изнесува 41 862. Бројот на заразените изнесува 429 илјади 729.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Шпанијасе зголеми на 31 034. Бројот на заразените се зголеми на 693 556.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Италија се зголеми на 35 738. Бројот на заразените во земјава изнесува 302 537.

Во последните 24 часа во Франција како последица на Ковид-19 умреа уште 43 лица, додека вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 31 459. Бројот на заразените од вирусот за само еден ден се зголеми за уште 13 072 и изнесува 481 141. На прес-конференцијата што се одржа по состанокот на Советот на министри, министерот за здравство Оливие Веран изјави дека 10 градови низ целата земја, вклучувајќи ги Париз, Бордо, Лион и Тулуз, се дефинирани како „напредни алармни зони“. Кај 100 илјади луѓе во овие градови беа регистрирани по 150 инфектирани, додека кај 100 илјади луѓе од над 65 години беа регистрирани по 50 инфектирани. Министерот Веран истакна дека во овие градови се забранети настаните од големи размери, дека максимум 10 лица ќе можат да се соберат на јавни места, спортските сали ќе бидат затворени, а од 28 септември натаму, баровите и рестораните ќе бидат затворени најдоцна во 22.00 часот по локално време. Истакнувајќи дека состојбата со епидемијата е влошена низ цела Франција, Оливие Веран изјави дека секоја недела ќе се ажурира списокот за напредни алармни зони.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 од почетокот на епидемијата во Португалија изнесува 928 000, додека бројот на заразените се зголеми на 70 илјади 465.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Канада изнесува 9 243 лица. Бројот на заразените во земјата е 147 753. Премиерот Џастин Трудо рече дека неговата земја е во вториот бран на епидемијата Ковид-19.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во Перу изнесува 31.870, во Колумбија 24.746, во Аргентина 14.376, во Чиле 12.345 и во Еквадор 11.171.



Слични вести