Палестина се фокусира на изборите

Делегацијата на Фатах со добивање на добрение од делегацијата на Хамас за одржување парламентарни избори во Палестина, ќе се врати во Западниот Појас

1496210
Палестина се фокусира на изборите

Генералниот секретар на Управниот совет на Палестинската ослободителна организцаија (ПЛО) Саиб Урејкат истакна дека Движењето Фатах и Хамас на состаноците во Турција се фокусираа кон парламентарните избори.

Во интервјуто за радиото „Гласот на Палестина“, генералниот секретар на Управниот совет на ПЛО Урејкат рече:

„Движењето Фатах и Хамас на состаноците во Турција се фокусираа кон парламентарните избори во Палестина.“

Делегацијата на Фатах со добивање на добрение од делегацијата на Хамас за одржување парламентарни избори во Палестина, ќе се врати во Западниот Појас.

По добивањето на одобрението од страна на Хамас, за определување на датумот за одржување избори во Западниот појас и Појасот Газа ќе се објави Државна уредба, рече Урејкат потенцирајќи дека моментално се фокусирани кон изборите и волјата на палестинскиот народ.

Во врска со прашањето Хамас не објави никакво соопштение.

Претходниот ден во Турција започна серија сердби меѓу делегациите на Хамас и Движето Датах.

Последните парламентарни избори во Палестина беа одржани во 2006 година, на кои победи Хамас. Додека на претседателските избори во 2005 година победи Махмуд Абас.



Слични вести