Лејен изрази задоволство од започнувањето на преговорите меѓу Турција и Грција

Со претседателот Ердоган остваривме „многу корисна“ средба од аспект на случувањата во Источниот Медитеран и миграциите

1496204
Лејен изрази задоволство од започнувањето на преговорите меѓу Турција и Грција

 

Претседателката на Европската комисија Урсула Вон Дер Лејен изрази задоволство од започнувањето на истражувачките преговори меѓу Турција и Грција.

Вон Дер Лејен по средбата со претседателот Реџеп Тајип Ердоган што се одржа преку видео конференција, на профилот преку социјалните медиуми ја објави следната објава:

„Изразувам големо задоволство од преговорите што ќе започнат меѓу Турција и Грција“.

Лејен во објавата во врска со средбата со претседателот Ердоган истакна:

„Со претседателот Ердоган остваривме „многу корисна“ средба од аспект на случувањата во Источниот Медитеран и миграциите. Со задоволство го пречекав започнувањето на преговорите со Грција.

Средбите меѓу двете земји имаат големо значење како од аспект на стабилноста на Источниот Медитеран така и од аспект на конструктивните односи на ЕУ“ рече Лејен.



Слични вести