Средба на американскиот секретар за одбрана Марк Еспер со неговиот израелски колега Бени Ганц

Во објавеното соопштение од Секретаријатот за одбрана (Пентагон), во врска со оваа средба привлече внимание изразот „Марк Еспер нагласи дека продолжува да се поддржува воената супериорност на Израел.“

1495723
Средба на американскиот секретар за одбрана Марк Еспер со неговиот израелски колега Бени Ганц

Секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД) Марк Еспер во Пентагон се состана со израелскиот министер за одбрана Бени Ганц.

Во објавеното соопштение од Секретаријатот за одбрана (Пентагон), во врска со оваа средба привлече внимание изразот „Марк Еспер нагласи дека продолжува да се поддржува воената супериорност на Израел.“

Во соопштението се истакнува дека двајцата министри разговараа за безбедносната состојба на Блискиот исток и соработката помеѓу двете земји, а воедно договорот за нормализација помеѓу Изарел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин го оцениле како историска прилика од аспект на регипоналната безбедност.

Инаку, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) за возврат на договорот за нормализација со Изсраел сака да купи од САД воени авиони од типот Ф-35.

Израел се противи на овој предлог, додека американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека не гледа одреден проблем во тоа.

Според законите на САД, забрането е да им се продава било какво оружје на регионалните земји коешто би и наштетило на воената супериорност на Израел.

Се изнесуваат коментари околу тоа дека американскиот секретар за одбрана Марк Еспер изразот „поддршка на воената супериорност на Израел“ ја употребил со цел да алудира на тоа дека Пентагон не е на страната на продажбата на воените авиони Ф-35 на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).



Слични вести