Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ставен во карантин; Самитот на ЕУ одложен за 1-2 октомври

Портпаролот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, Баренд Лејтс, соопшти дека еден припадник од неговата екипа за обезбедување добил позитивен тест на Ковид-19 поради што самитот на ЕУ е одложен за 1-2 октомври

1495604
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ставен во карантин; Самитот на ЕУ одложен за 1-2 октомври

Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) е одложен за 1 и 2 октомври поради тоа што претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел е ставен во карантин поради позитивен тест на новиот тип коронавирус (Ковид-19) на еден припадник на неговата екипа за обезбедување.

Портпаролот на Шарл Мишел, Баренд Лејтс соопшти дека еден припадник од екипата за обезбедување со кого претседателот на Европскиот совет (ЕС) минатата недела бил во близок контакт добил позитивен тест на Ковид-19.

Лејтс истакна дека Шарл Мишел редовно се тестира и дека неговото последно тестирање завчера покажало дека е негативен на Ковид-19, но дека според правилата во Белгија Тој од вчера треба да е во карантин.

Портпаролот Баренд Лејс го рече следното: „Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, одлучи самитот на Европската унија (ЕУ) кој беше планиран да се одржи на 24 и 25 септември, да биде одложен за 1 и 2 октомври.

На самитот на лидерите на Европската унија (ЕУ) се очекува освен Источниот Медитеран и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), да бидат поставени на разгледување и прашањето со Кина, мерките против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и економските политики.



Слични вести