Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 205 илјада 471 лице, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 7 милиони 097 илјади 937

1495584
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 975 илјади 471 лице, на случаите на зараза изнесува над 31 милион 784 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 23 милиони 400 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случаи се искачи на над 205 илјади 471 лице, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 7 милиони 097 илјади 937. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 138.159 лица, а на случаите на зараза изнесува 4 милиони 595 илјади 335 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 651 лице со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 74.348, додека со регистрирани 4.683 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 705.263 лица. 

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, бројот на смртните случаи достигна до вкупно 41.825 лица, а се инфектирани 403.551.

Премиерот Борис Џонсон посака од народот да ги земе за сериозно мерките коишто се преземаат против пандемијата на Ковид-19 и го рече следното: „Неоспорно пред нас се наоѓаат тешки месеци. Доколку заедно ги почитуваме овие едноставни правила, ќе ја пребродиме оваа зима.“

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 14 лица со што досега животот го загубија вкупно 35.738 лица. Со регистрирани 1.392 нови случаи на зараза пак, бројот на инфектираните се зголеми на 300.897 лица. Во меѓувреме, италијанскиот заменик министер за здравство Пиерпаоло Силери кој беше гостин во една радио програма, го рече следното: „Циркулацијата на вирусот ќе се зголеми, тоа не може да се порекне. Ќе продолжат да растат и инфектирањата, меѓутоа тоа ќе биде под контрола и набљудување.“

Во Франција, бројот на починатите со смртта на уште 78 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 31.416, а на случаите на зараза за еден ден со раст од дури 10.008 новозаразени достигна до 468.069 лица. Францускиот министер за здравство Оливиер Веран за неколку дена се очекува да ги соопшти новите мерки во рамките на борбата против Ковид-19.

Во Шпанија, во последната една недела починаа 468 лица со што бројот на смртните случаи се искачи на 30.904. Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 10.799 нови случаи и дека бројот на инфектираните достигна до 682.267 лица.

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 5 лица, а се регистрирани 663 нови случаи. На тој начин бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 1.925, а на инфектираните достигна до 69.663 лица.

 

 



Слични вести