Либиската армија: Во областа на градот Сукна се сруши хеликоптер со руски платеници на „Вагнер“

Портпаролот на Одделот за заедничка операција во Сирте и Џуфра генерал Абдулхади Дирах истакна дека во областа на градот Сукна паднал хеликоптер кој превезувал платени војници на руската безбедносна компанија „Вагнер“

1495855
Либиската армија: Во областа на градот Сукна се сруши хеликоптер со руски платеници на „Вагнер“

Либиската армија соопшти дека во областа на градот Сукна паднал хеликоптер кој превезувал платени војници на руската безбедносна комапнија „Вагнер“.

Портпаролот на Одделот за заедничка операција во Сирте и Џуфра генерал Абдулхади Дирах во дадената изјава за претставниците на печатот истакна дека во областа на градот Сукна во близина на воената воздухопловна база Џуфра околу 08:00 часот по локално време се сруши хеликоптер кој превезувал платени војници на руската безбедносна компанија „Вагнер“. 

Велејќи дека експлодирала и муницијата којашто се наоѓала во срушениот хеликоптер, Дирах не даде подетални информации во врска со инцидентот.



Слични вести