САД: „Картата од Севилја нема никаква правна важност“

Поморските овластувања се засноваат на меѓународното право и постигнатите договори меѓу државите.

1494808
САД: „Картата од Севилја нема никаква правна важност“

 

Амбасадата на САД во Анкара соопшти дека според САД, картата од Севилја (која се однесува на наводните територијални води на Грција) нема никаква правна важност.

Во објавата која беше објавена преку профилот на твитер на Амбасадата беше истакнато дека САД принципиелно не зазема никаков став во однос на споровите околу поморските овластувања на другите земји.

Поморските овластувања се засноваат на меѓународното право и постигнатите договори меѓу државите.

САД силно ги поддржува напорите за искрен дијалог и преговори поради што ги стимулира Турција и Грција за повторно започнување на истражувачките преговори.

Според наводната карта, грчкиот континентален гребен започнува од островот Меис и се протега до средната на Средоземното Море и не дава можност за излегување на Турција вон заливот на Анталија.

Турција ги одбива тврдењата на Грција за територијален гребен од 40 илјади квадратни километри околу островот Меис со површина од 10 км квадратни кој се наоѓа само на 2 км од копното на Анадолија а на 580 км од грчкото копно, бидејќи оваа теза не е разумна и се коси со меѓународното право.



Слични вести