70 отсто од гласачите на референдумот во Италија гласаа за намалување на бројот на пратениците

Учеството на граѓаните на референдумот во Италија изнесуваше 53,11 отсто

1494812
70 отсто од гласачите на референдумот во Италија гласаа за намалување на бројот на пратениците

Според резултатите од анкетата за референдумот за намалување на бројот на пратениците во Италија, 70 отсто од гласачите гласаа за намалување на бројот на пратениците.

Вчера во 15.00 часот според локално време во Италија која се управува со дводомен парламентарен систем, заврши дводневното гласање за намалување на бројот на сенаторските мандати од 315 на 200 и пратеничките мандати во претставничкиот дом од 630 на 400 како и  определувањето на локалните раководители во некои области.

Според податоците кои беа објавени од страна на Министерството за внатрешни работи на Италија, учеството на граѓаните на референдумот во Италија изнесуваше 53,11 отсто.

Според првите неофицијални резултати од гласањето кое продолжува, 69,39 отсто од гласачите гласаа за измените во референдумот.



Слични вести