Продолжуваат протестите во Белорусија

Како последно преку еден профил на една социјална медија, е упатен повик да се земат под блокада претседателскиот дворец и Високиот суд во главниот град Минск и да се одржат протести на територијата на целата земја

1494110
Продолжуваат протестите во Белорусија

Продолжуваат протестите во Белорусија коишто започнаа во знак на протест против резултатите од одржаните претседателски избори во оваа земја.

Како последно преку еден профил на една социјална медија, е упатен повик да се земат под блокада претседателскиот дворец и Високиот суд во главниот град Минск и да се одржат протести на територијата на целата земја.

Безбедносните сили во Минск пак, поради протестите коишто се одржуваат без дозвола презедоа строги безбедносни мерки во областа кадешто се наоѓа претседателскиот дворец и во центарот на главниот град.

Некои демонстранти кои се собраа на улицата Немига и се обидоа да маршираат кон плоштадот „Стела“ беа притворени.

Демонстрантите на протестите коишто во споредба со претходните недели се одржуваат со учество на помал број лица, и покрај упатениот повик преку социјалната медија не маршираа кон претседателскиот дворец.

Демонстрантите, со црвено-бело-црвени знамиња во своите раце (знамето на Белорусија пред 1995 година) и извикувајќи слогани извесно време маршираа по некои улици во центарот на главниот град Минск. Потоа демонстрантите се разотидоа самите.

На протестите коишто беа одржани на плоштадите во некои други градови на Белорусија, демонстрантите се соочија со интервенцијата на полицијата.

На споделените снимки преку социјалната медија се гледа како белоруската полиција во градот Брест на границата со Полска, употребува бибер гас врз демонстрантите кои не сакаат да се разотидат, како отвора оган во воздух и ги притвора демонстрантите кои покажуваат отпор на интервенцијата.

Инаку, по претседателските избори во Белорусија коишто се одржаа на 9 август и на кои победи актуелниот претседател Александер Лукашенко започнаа протести во земјата со тврдења за измама на изборите и овие протести се уште продолжуваат.



Слични вести