Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во САД кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 204 илјада 118 лица, додека бројот на инфектираните изнесува над 7 милиони 004 илјади 768

1494137
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
ingiltere süper
İNGİLTERE SÜPER
SPR ispanya.jpg
super foto korona las vegas.jpg
super foto korona roma.jpg
super foto korona paris.jpg
SPR Brazil korona.jpg
super foto ingiltere korona.jpg
Arnavutluk_korona testi_2.jpg
SPR korona2.jpg
ispanya koronavirus
super foto kanada korona.jpg
super covid19 fransa
super covid19 abd
super covid19 4.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 965 илјади 103 лицa, на случаите на зараза изнесува над 31 милион 243 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 22 милиони 835 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случаи се искачи на над 204 илјади 118 лица, додека бројот на инфектираните изнесува над 7 милиони 004 илјади 768. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртни случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 136.895 лица, а на случаите на зараза изнесува 4 милиони 544 илјади 629 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 235 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 73.493, додека со регистрирани 3.542 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 697.663 лица. 

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на 41.777 лица, а на инфектираните изнесува 394.257 лица.

Во Италија, досега животот го загубија вкупно 35.707 лица, бројот на случаите на зараза достигна до 298.156 лица. 

Во Франција, бројот на починатите со смртта на уште 12 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 31.585, а на случаите на зараза за еден ден со раст од дури 10.569 лица достигна до 453.763. 

Во Шпанија, бројот на смртните случаи изнесува 30.495 лица, а на инфектираните 659.334 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 31.369

Колумбија 24.208

Аргентина 13.053

Чиле 12.286

Еквадор 11.090

Белгија 9.948

Германија 9.470

Канада 9.217

Боливија 7.617

Холандија 6.279

Шведска 5.865

Романија 4.435

Полска 2.293

Швајцарија 2.045

Португалија 1.912

Молдавија 1.203

Босна и Херцеговина 763

Бугарија 761

Србија 741

Северна Македонија 693

Албанија 362

Грција 338

Хрватска 248

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 5 милиони 485 илјади 612 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 87.909 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 19.418, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 103 илјади 399 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 24.301 лице, бројот на случаите на зараза се искачи на 422.140. 

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.420 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 306.304.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 9.553

Филипините 4.984

Бангладеш 4.939

Ирак 8.555

Саудиска Арабија 4.485

Украина 3.557

Јапонија 1.500

Авганистан 1.441

Израел 1.256

Белорусија 780

Јужна Кореја 385

Бахреин 221

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 34.012 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 414 илјади 378.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 15.953, а потоа следуваат Египет со 5.770, Мароко 1.830, Алжир 1.672, Нигерија 1.098, Етиопија 1.096, Судан 836, Кенија 648, Камерун 416 починати.

 



Слични вести