На вчерашните протести во Белорусија се притворени 442 лица

Портпаролката на белоруското Министерство за внатрешни работи Олга Чемоданова истакна дека на вчерашните протести во земјата учествуваа повеќе од 20 илјади лица и дека притоа се притворени 442 лица

1494610
На вчерашните протести во Белорусија се притворени 442 лица

За време на вчерашните недозволени протести коишто се одржаа низ Белорусија во знак на протест против резултатите од одржаните протести во оваа земја се притворени 442 лица.

Портпаролката на белоруското министерство за внатрешни работи Олга Чемоданова во дадената изјава истакна дека во неделата во земјата беа одржани недозволени протести на 24 одделни места и дека на овие протести учествуваа повеќе од 20 илјади лица.

Чемоданова ја сподели информацијата дека на протестите во главниот град Минск се собраа 18 илјади лица и дека безбедносните сили го презедоа неопходните мерки за воспоставување на јавниот ред и безбедноста.

"На вчерашните одржани протести се притворени 442 лица кои ги прекршија законите. Од нив 266 се наоѓаат во Минск. 330 лица ќе останат во притвор додека да бидат изнесени пред суд." - рече портпаролката на белоруското Министерство за внатрешни работи Олга Чемоданова.

Инаку, по претседателските избори во Белорусија коишто се одржаа на 9 август и на кои победи актуелниот претседател Александер Лукашенко, започнаа протести во земјата со тврдења за измама на изборите и овие протести се уште продолжуваат.

Демонстрантите освен одржување на нови избори бараат и промена на Уставот во земјата.



Слични вести