Катар ги демантира тврдењата за прифаќање на нормализацијата со Израел

МНР на Катар: „Буди жалење тоа што се согледуваат некои погрешни кампањи во медиумите со коишто се презентира погрешно позицијата на Катар кон палестинското прашање и во правец на нарушување на имиџот на земјата“

1494154
Катар ги демантира тврдењата за прифаќање на нормализацијата со Израел

Катар ја потврди својата одлучна позиција по прашањето на ставање крај на окупацијата на палестинските територии од страна на Израел и формирањето на држава Палестина со главен град Ерусалим (Кудс), во рамките на меѓународните одлуки.

Откако во некои информативни органи во арапските медиуми, повикувајќи се на изјавите на еден висок американски функционер во кои почна да се тврди дека „Катар ја прифатил нормализацијата со Израел“, пристигна писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Катар.

Во соопштението се вели следното: „Буди жалење тоа што се согледуваат некои погрешни кампањи во медиумите со коишто се презентира погрешно позицијата на Катар кон палестинското прашање и во правец на нарушување на имиџот на земјата.“

Во соопштението се нагласува дека нема никаква промена во ставот на Катар по палестинското прашање и се вели следното: „Ја потврдуваме нашата одлучна позиција по прашањето на ставање крај на окупацијата на палестинските територии од страна на Израел и формирањето на држава Палестина со главен град Ерусалим (Кудс).“

Во продолжението на истото соопштение се подвлекува и следното: „Катар, нема да избегнува од никои свои напори за пружање на секој вид поддршка колку што е во негова можност, за намалување на болките на своите палестински браќа, се додека палестинскиот народ се стекне со сите свои легитимни права.“

Инаку, телевизискиот канал на Саудиска Арабија „Ал Арабија“ објави вест во која беше искривоколчен одговорот којшто Катар им го даде на Соединетите Американски Држави (САД), во врска со нормализацијата со Израел.

Во веста зазеде место тврдење од видот дека според изјавата на вршителот на должноста заменик државен секретар на САД одговорен за Заливските земји Тимоти Лендеркинг „Катар прифатил да го потпише договорот за нормализација со Израел“.

Меѓутоа овој американски функционери истакна дека „Катар ги одбил последните договори за нормализација со Израел и дека Вашингтон тоа го дочекува со разбирање и дека разговорите во врска со нормализацијата се уште продолжуваат.“

Портпаролот на катарското министерство за надворешни работи Лулва ал-Хатир, исто така во интервју за информативниот орган „Блумберг“ (Bloomberg) со седиште во САД, на 14 септември,  истакна дека неговата земја нема да вопостави дипломатски односи со Израел се додека не биде решен спорот со Палестинците.

Израел, со церемонија што се одржа на 15 септември во Белата куќа потпиша договори за нормализација на своите односи со две Заливски земји, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Бахреин.



Слични вести