Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 203 илјада 171 лице, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 925 илјади 941

1493559
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super foto korona las vegas.jpg
super foto korona roma.jpg
super foto korona paris.jpg
super foto ingiltere korona.jpg
super korona brezilya.jpg
KORONA SÜPER
ispanya koronavirus
super foto kanada korona.jpg
Covid-19.jpg
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
super covid19 2.jpg
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 956 илјади 650 лицa, на случаите на зараза изнесува над 30 милиони 710 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 22 милион 348 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 203 илјада 171 лице, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 925 илјади 941. Одлуката за затворање на границите на САД со Канада и Мексико за „сите патувања со исклучок на исклучителни ситуација кога постои неопходност за тоа“ е продолжена до 21 октомври.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и која се смета за епицентар во Латинска Америка, со смртта на уште 858 лица бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 135.857 лица, а на случаите на зараза со раст од 39.797 изнесува 4 милиони 497 илјадa 434 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 624 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 72.803, додека со регистрирани 4.841 новозаразен бројот на случаите на зараза достигна до 688.954 лица. 

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, бројот на смртните случаи во изминатите 24 часа со раст за уште 27 лица достигна до вкупно 41.732 лица, а со регистрирани 4.322 нови случаи бројот на инфектираните во земјата се зголеми на 385.936 лица. Британскиот премиер Борис Џонсон, велејќи „гледаме дека доаѓа вториот бран на пандемијата“ го рече следното: „Во борбата против пандемијата не сакаме втор карантин на национално ниво. Со ширење на пандемијата секако ќе треба да преземеме поголеми мерки.“

Во Италија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа уште 10 лица со што досега животот го загубија вкупно 35.668 лица. Со регистрирање на уште 1.907 нови случаи на зараза пак, бројот на инфектираните се зголеми на 294.932 лица. 

Во Франција, бројот на починатите со смртта на уште 123 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 31.249, а на случаите на зараза за еден ден со раст од дури 13.215 лица достигна до 428.696 лица. Меѓу инфектираните се наоѓа и министерот за економија Бруно Ле Мер. Како што се истакнува пандемијата во земјата оди кон лошо во сите показатели како што се бројот на смртните случаи, ширењето на вирусот меѓу старите и зголемувањето на епидемиските кластери. Претседателот Емануел Макрон рече дека стратегијата којашто е во примена во рамките на борбата против Ковид-19 е зголемување на бројот на тестирања и изолирањето на случаите. Макрон истакна дека не постои ништо друго коешто би можело да се направи освен да се води борба против пандемијата.

Во Шпанија, во последната една недела од Ковид-19 починаа 432 лица со што бројот на смртните случаи се искачи на 30.495 лица, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 14.389 нови случаи и дека бројот на инфектираните достигна до 640.040 лица.

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 6 лица, а се регистрирани 780 нови случаи на зараза. Бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 1.894, а на инфектираните достигна до 67.176 лица.

Во централноамериканската држава Гватемала, е соопштено дека претседателот Алехандро Гиаматеа е инфектиран од новиот тип коронавирус (Ковид-19) чиј тест е позитивен на вирусот и дека неговата здравствена состојба е добра. Во Гватемала која брои приближно 16 милиони жители досега од Ковид-19 животот го загубија 3.036 лица, а 83.664 се заразени од вирусот.

Во Холандија, кадешто животот го загубија 6.273 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 90.047 лица. Премиерот Марк Руте истакна дека новиот тип коронавирус повторно се врати и дека поради тоа што народот покажува олабавување во правилата треб ада бидат преземени нови превентивни мерки.

Во Австралија, од пандемијата на Ковид-19 животот го загубија уште 7 лица, со што бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на вкупно 844 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 31.283

Колумбија 23.850

Аргентина 12.656

Чиле 12.199

Еквадор 11.044

Белгија 9.937

Германија 9.464

Канада 9.205

Боливија 7.550

Холандија 6.273

Шведска 5.865

Романија 4.360

Полска 2.270

Швајцарија 2.045

Португалија 1.894

Молдавија 1.186

Бугарија 753

Босна и Херцеговина 752

Србија 739

Северна Македонија 683

Албанија 353

Грција 327

Хрватска 244

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 5 милиони 308 илјади 014 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 85.625 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 19.339, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 097 илјада 251 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 23.952 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 416.198. 

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.415 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 305.031.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 9.336

Бангладеш 4.881

Филипините 4.830

Ирак 8.408

Саудиска Арабија 4.430

Украина 3.516

Јапонија 1.482

Авганистан 1.437

Израел 1.196

Белорусија 773

Јужна Кореја 378

Бахреин 220

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 33.677 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 397 илјади 246.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 15.857, а потоа следуваат Египет со 5.733, Мароко 1.755, Алжир 1.659, Нигерија 1.094, Етиопија 1.072, Судан 836, Кенија 646, Камерун 416 починати.

 



Слични вести