Француски „Ле Фигаро“: Макрон останува под влијание на Саркози

Во специјалната вест објавена во францускиот весник „Ле Фигаро“ се истакнува дека претседателот Емануел Макрон често се состанува со поранешниот претседател Николас Саркози

1493223
Француски „Ле Фигаро“: Макрон останува под влијание на Саркози

Како што се истакнува, францускиот претседател Емануел Макрон останува под влијание на поранешниот претседател Николас Саркози во однос на назначувањето на министрите и прашањето на управување со кризите коишто се доживуваат во земјата.

Во специјалната вест објавена во францускиот весник „Ле Фигаро“ се истакнува дека претседателот Емануел Макрон често се состанува со поранешниот претседател Николас Саркози.

Соред веста, поранешниот францускиот претседател Николас Саркози во врска со неговите чести средби со актуелниот претседател Емануел Макрон го рекол следното: „Не доставувам совети,  меѓутоа му велам што би правел да бев претседател. Нема да направам ништо коешто ќе ги продлабочи кризите во Франција.“

Како што се наведува, поранешниот претседател Саркози воедно го предупредил Макрон по прашањето на тоа дека реформата за пензискиот систем којашто станува причина за општествени настани во земјата нема да ги задоволи Французите.

Како што се вели, во рамките на направените измени во Владата во месец јули премиерот Жан Кастекс, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин, министерката за животна средина Розелин Бачело и  министерот за правда Ерик Дипонд-Морети.

Еден пратеник на централната десничарска Партија на Репиубликанците (ЛР) пак, го рекол следното: „Емануел Макрон има доверба во Николас Саркози. Тоа пак, не го вознемирува Саркози. Имаат доверба еден во друг.“



Слични вести