Столтенберг: НАТО е одлучен по прашањето на зајакнување на ирачките безбедносни сили

Според објавеното соопштение од НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг се состана со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин во штабот на НАТО во белгискиот главен град Брисел

1492048
Столтенберг: НАТО е одлучен по прашањето на зајакнување на ирачките безбедносни сили

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека Сојузот е одлучен по прашањето на зајакнување на безбедносните сили во Ирак.

Според објавеното соопштение од НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг се состана со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин во штабот на НАТО во белгискиот главен град Брисел.

На средбата, Столтенберг истакна дека НАТО и Ирак продолжуваат со блиската соработка во борбата против тероризмот и дека ирачките безбедносни сили кои се борат против терористичката организација ДЕАШ покажуваат значајна самопожртвуваност.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја нагласи приврзаноста на Сојузот кон помошта во зајакнувањето на ирачките безбедносни сили.

Инаку, на барање на ирачката Влада НАТО во октомври 2018 година постигна согласност за формирање на Мисија на НАТО во Ирак која нема да располага со борбена способност и ќе има за цел да ја развие обуката и капацитетот на ирачките безбедносни сили.

Воедно, министрите за одбрана на НАТО во месец февруари донесоа принципиелна одлука по прашањето на развивање на Мисијата на Сојузот во Ирак.



Слични вести