Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 201 илјада 348 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 828 илјади 301

1492097
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super foto ispanya korona.jpg
super foto korona roma.jpg
super foto korona las vegas.jpg
super foto korona paris.jpg
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
Covid Süper.jpg
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
super covid19 2.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 945 илјади 159 лицa, на случаите на зараза изнесува над 30 милиони 042 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 21 милион 808 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 201 илјада 348 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 828 илјади 301. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 134.174 лица, а на случаите на зараза изнесува 4 милиони 421 илјадa 686 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 300 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 71.978, додека со регистрирани 4.444 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 680.931 лице.

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот и епицентар во Европа, бројот на смртните случаи во изминатите 24 часа со раст за уште 20 лица достигна до вкупно 41.684 лица, а со регистрирани 3.991 нов случај бројот на инфектираните во земјата се зголеми на 378.219 лица. Премиерот Борис Џонсон истакна дека воведувањето на втор карантин на национално ниво во борбата против пандемијата, ќе претставува катастрофа за земјата од финансиски аспект.

Во Италија, од Ковид-19 досега животот го загубија 35.645 лица, а се инфектирани 291.442 лица. 

Во Франција, бројот на починатите со смртта на уште 46 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 31.045, а на случаите на зараза со раст од дури 9.784 изнесува 404.888 лица. Францускиот министер за образование Жан-Мишел Блангуе истакна дека по регистрирани нови случаи на Ковид-19 кај голем број ученици бројот на затворените училишта се зголеми на 81.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи се искачи на 30.243 лица,а на инфектираните достигна до 614.360 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 31.051

Колумбија 23.478

Чиле 12.058

Аргентина 12.116

Белгија 9.935

Германија 9.449

Канада 9.193

Еквадор 10.996

Боливија 7.478

Холандија 6.260

Шведска 5.860

Романија 4.285

Полска 2.237

Швајцарија 2.039

Португалија 1.878

Молдавија 1.159

Србија 736

Бугарија 739

Босна и Херцеговина 736

Северна Македонија 668

Албанија 343

Грција 316

Хрватска 236

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 5 милиони 118 илјади 253 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 83.230 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 18.917, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 079 илјади 519 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 23.632 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 410.334. 

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.389 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 302.424.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 9.100

Ирак 8.248

Бангладеш 4.823

Филипините 4.732

Саудиска Арабија 4.369

Украина 3.340

Авганистан 1.436

Јапонија 1.461

Израел 1.165

Белорусија 767

Јужна Кореја 372

Бахреин 216

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 33.308 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 380 илјади 233.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 15.705, а потоа следуваат Египет со 5.696, Алжир 1.645, Мароко 1.686, Нигерија 1.091, Етиопија 1.045, Судан 836, Кенија 637, Камерун 415 починати.

 

 



Слични вести