„Маската повлијателна во заштитата од Ковид-19, отколку вакцината“

Директорот на Центарот за контрола и спречување на болести (CDC) на САД Роберт Редфилд го рече следното: „Маската е повлијателна од вакцината во заштитата против новиот тип коронавирус (Ковид19)“

1492146
„Маската повлијателна во заштитата од Ковид-19, отколку вакцината“

Директорот на Центарот за контрола и спречување на болести (CDC) на Соединетите Американски Држави (САД) Роберт Редфилд учествуваше на седницата во Конгресот на која направи проценка на точката до која е дојдено во последно време во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Редфилд го рече следното: „Маската е повлијателна од вакцината во заштитата против новиот тип коронавирус (Ковид19).“

Појаснувајќи дека пандемијата се уште го продолжува своето влијание низ САД и дека дури и кога би била пронајдена вакцина тоа нема да стави крај на пандемијата за една ноќ, Редфилд укажа на значењето на превентивните мерки во пренесување на заразата од вирусот.

Роберт Редфилд нагласи дека маските на лицето се крајно значајни и го рече следното: „Имаме многу јасни научни докази во врска со тоа дека маската вреди, па дури би можел да го кажам тоа дека маската е повлијателна од вакцината во точката на заштитата од Ковид-19.“

Привлекувајќи внимание дека вакцината би можела да не вреди во ист процент кај секого, Директорот на Центарот за контрола и спречување на болести (CDC) на Соединетите Американски Држави (САД) Роберт Редфилд, додаде дека од друга страна маската го заштитува во голем процент секој оној кој правилно ја става и носи.



Слични вести