Либискиот премиер Сараџ соопшти дека до крајот на октомври ќе ја напушти премиерската функција

Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ во своето обраќање преку либиската државна телевизија во живо, рече: „Прогласувам до секого дека искрено сакам да ја предадам мојата извршна надлежност најдоцна до крајот на октомври“

1492065
Либискиот премиер Сараџ соопшти дека до крајот на октомври ќе ја напушти премиерската функција

Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ соопшти дека до крајот на идниот месец (октомври) ќе ја напушти премиерската функција.

Сараџ во своето обраќање преку либиската државна телевизија во живо, рече: „Прогласувам до секого дека искрено сакам да ја предадам мојата извршна надлежност најдоцна до крајот на октомври.“

Сараџ се осврна на разговорите „Либиски дијалог“ коишто беа одржани помеѓу 6 и 10 септември во градот Бузника во Мароко и на кои се состанаа политичките страни инволвирани во либиската криза, во врска со што го истакна следното: „Гледаме дека помеѓу Либијците, под водство на Обединетите нации (ОН) се одржуваат консултации и разговори. Соопштувам дека тоа го дочекуваме со задоволство и се надеваме дека ќе се претворат во поширок компромис и договор. Последните политички разговори, беа подготовка за инфраструктурата на еден нов процес за обединување на државните институции и одржување на параламентарни и претседателски избори.“

„Да се оди директно на избори претставува најдобар пат за сеопфатно решение. Меѓутоа, ќе го поддржам и секој било кој друг компромис надвор од тоа.“ - рече Сараџ.

Либискиот премиер Фајез ал-Сараџ во врска со напуштањето на функцијата пак, го рече следното: „Прогласувам до секого дека искрено сакам да ја предадам мојата извршна надлежност најдоцна до крајот на октомври. Во ова време, верувам дека комитетот за дијалог ќе ги заврши своите работи, ќе избере нов претседателски совет и ќе го назначи новиот премиер кој ќе ја преземе должноста.“

 



Слични вести