Гутерес: По изборите во Северен Кипар повторно ќе започне политичкиот процес на островот

Гутерес во врска со Кипарскиот проблем истакна дека по одржувањето на изборите во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), со учество на земјите гарантори и двете страни се планира повторно да започне политичкиот процес на островот

1492126
Гутерес: По изборите во Северен Кипар повторно ќе започне политичкиот процес на островот

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес на одржаната прес конференција пред седниците на 75. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации коишто ќе започнат на 22 септември, направи проценка на дневниот ред.

Гутерес во врска со Кипарскиот проблем истакна дека по одржувањето на изборите во Турската Република Северен Кипар (ТРСК), со учество на земјите гарантори и двете страни се планира повторно да започне политичкиот процес на островот.

Гутерес рече: „Пред да се започне со дипломатските иницијативи постоеше едногласност по прашањето на тоа дека треба да чекаме да се одржат изборите во Северен Кипар (во октомври). Веднаш по изборите планирам повторно да го започнам политичкиот процес, со петте клучни актери меѓу кои се наоѓаат земјите гарантори (Турција, Грција и Велика Британија) и двете страни на островот (кипарските Турци и Грци).“

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес воедно ги повика страните да избегнуваат од фрлаање на еднистрани чекори коишто ќе го доведат во опасност политичкиот процес на островот.

 



Слични вести