Претседателот на СЗО Гебрејесус предупреди: Ова нема да биде последна пандемија

Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди: „Ова нема да биде последна пандемија. Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен отколку што беше овој пат

1490720
Претседателот на СЗО Гебрејесус предупреди: Ова нема да биде последна пандемија

Претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус говореше на манифестацијата на која беше соопштен извештајот за следење на пандемијата на Ковид-19 на Одборот за следење на глобалната подготвеност (GPMB) како заедничка институција на Светската здравствена организација (СЗО) и Светската банка (СБ).

Во оваа пригода Гебрејесус предупреди дека новиот тип коронавирус (Ковид-19) нема да биде последна пандемија и го рече следното: „Ова нема да биде последна пандемија. Историјата нè учи дека вирусите и пандемиите се факти. Но кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен - поподготвен отколку што беше овој пат. Ова не е ширење страв, туку повик за акција.“

Нагласувајќи дека пандемијата ги потресе здравствените состеми, економиите и општествата во голем број земји во светот, Гебрејесус привлече внимание дека освен тоа пандемијата одзеде и голем број животи и влијае негативно на егзистенцијата на луѓето.

„Веќе се заморени дури и земјите кои располагаат со развиени здравствени системи и силни економии, меѓутоа повеќето од земјите кои се успешни се оние кои извлекле лекција од претходните епидемии како што беа САРС, МЕРС, Х1Н1 и Ебола.“ - истакна претседателот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој воедно додаде дека светот треба да биде подобро подготвен за следната пандемија и ги повика земјите да инвестираат во јавното здравство.

 

 

 



Слични вести