Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во САД кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 199 илјади лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 749 илјади 289

1490619
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super foto koronavirus avustralya.jpg
super foto koronavirus ingiltere.jpg
SÜPER FOTO ispanya koronavirüs.jpg
Covid-19.jpg
super covid19 fransa
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
super covid19 6.jpg
moskova covid.jpg
o brasil do coronavirus.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 932 илјади 744 лицa, на случаите на зараза изнесува над 29 милиони 446 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 21 милион 280 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 199 илјади лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 749 илјади 289. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 132.117 лица, а на случаите на зараза изнесува 4 милиони 349 илјади 544 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 228 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 71.049, додека со регистрирани 3.335 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 671.716 лица.

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.637 лица, а на случаите на зараза достигна до 371.125.

Во Италија, бројот на смртните случаи се зголеми на 35.624 лица, а на инфектираните достигна до 288.761 лице. 

Во Франција, бројот на починатите се зголеми на вкупно 30.950, а на случаите на зараза изнесува 387.252 лица.

Во Шпанија, во последната една недела од Ковид-19 животот го загубија 207 лица со што бројот на смртните случаи се искачи на 29.848 лица. Министерството за здравство соопшти дека во последните 3 дена се регистрирани 27.404 нови случаи на зараза и дека со тоа бројот на инфектираните во земјата достигна до 593.730 лица. Од друга страна, радиото „Кадена Сер“ соопшти дека во првата недела од новата учебна година којашто започна минатата недела во поголемиот дел на Шпанија се регистрирани случаи на зараза во најмалку 137 училишта.

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа од Ковид-19 починаа 4 лица, а се регистрирани 613 нови случаи на зараза. Бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 1.871, а на инфектираните достигна до 64.596. Португалскиот премиер Антонио Коста претходно истакна дека почнувајќи од денеска во целата земја ќе биде воведена забрана за собирање на исто место на повеќе од 10 лица и ќе бидат ограничени работното време на продавниците, продажбата на алкохол и процентот на исполнетост на рестораните и кафетериите во земјата.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 30.812

Колумбија 23.123

Чиле 12.013

Аргентина 11.667

Белгија 9.927

Германија 9.436

Канада 9.179

Еквадор 10.922

Боливија 7.394

Холандија 6.256

Шведска 5.846

Романија 4.185

Полска 2.203 

Швајцарија 2.025

Португалија 1.871

Молдавија 1.129

Србија 733

Бугарија 729

Босна и Херцеговина 705

Северна Македонија 652

Албанија 338

Грција 310

Хрватска 227

 Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 4 милиони 930 илјади 236 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 80.808 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 18.635, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 068 илјада 320 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 23.313 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 404.648. 

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.389 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 302.424.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 8.841

Ирак 8.086

Бангладеш 4.759

Филипините 4.630

Саудиска Арабија 4.305

Украина 3.211

Авганистан 1.425

Јапонија 1.442

Израел 1.136

Белорусија 756

Јужна Кореја 367

Бахреин 213

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 32.849 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 366 илјади 138.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 15.499, а потоа следуваат Египет со 5.661, Алжир 1.581, Мароко 1.620, Нигерија 1.083, Етиопија 1.022, Судан 836, Кенија 624, Камерун 415 починати.



Слични вести