Хеико Мас: Германија е спремна да го направи она што и се паѓа покрај ирачката Влада

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас на одржаната заедничка прес конференција со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин истакна дека Германија е спремна да го направи она што и се паѓа покрај ирачката Влада

1490647
Хеико Мас: Германија е спремна да го направи она што и се паѓа покрај ирачката Влада

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас во Берлин се состана со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин со кого потоа одржаа и заедничка прес конференција.

Овде Мас истакна дека Германија е спремна да го направи она што и се паѓа покрај ирачката Влада.

Велејќи дека со својот ирачки колега Фуад Хусејин разговарале за проблемите во регионот и заедничката борба против терористичката организација ДЕАШ, Хеико Мас појасни дека и покрај постигнатиот успех на меѓународно ниво во борбата против ДЕАШ, заканата од оваа терористичка организација за Сирија и Европа продолжува.

„Заедничката борба против тероризмот е од големо значење. Германија е спремна да го направи она што и се паѓа покрај ирачката Влада.“ - рече Мас.

Тој напомена дека значајни се и политичката и економската стабилност и дека во тој контекст ја дочекува со задоволство реформската програма на ирачката Влада.

Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин пак, истакна дека сѐ уште продолжува заканата од терористичката организација ДЕАШ.

Велејќи дека за поразување на терористичката организација ѝ воено ѝ идеолошки има потреба од меѓународна соработка, Хусејин и се заблагодари на германската Влада за поддршката во оваа борба.

На потсетување на тоа дека постои одлука на ирачкиот Парламент за повлекување на странските војници од земјата, Фуад Хусејин напомена дека на сите остварени разговори со САД и со другите земји се зема во предвид оваа одлука, меѓутоа не е изговорен одреден датум по ова прашање.

Тој рече дека тоа претставува процес и укажа на тоа дека Ирак има потреба од поддршка во однос на безбедносни и воени прашања и дека во Сирија и Ирак се уште има терористички ќелии на ДЕАШ.

Ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусејин воедно додаде дека со неговиот германски колега Хеико Мас освен за економските односи помеѓу двете земји, разговарале и за можностите за соработка меѓу Ирак и Европската унија (ЕУ).



Слични вести