Палестина го отповика својот амбасадор во Бахреин како реакција против договорот со Израел

Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ел-Малики го отповика амбасадорот во Манама, како реакција против договорот за којшто е соопштено дека е постигнат помеѓу Бахреин и Израел за нормализацијата на односите

1489386
Палестина го отповика својот амбасадор во Бахреин како реакција против договорот со Израел

Палестинската управа во знак на реакција против договорот за нормализација помеѓу Бахреин и Израел го повлече својот амбасадор во Манама.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за надворешни работи на Палестина се истакнува дека министерот за надворешни работи Ријад ел-Малики го повика амбасадорот во Манама, а како што се вели со цел да да бидат разгледани чекорите коишто ќе бидат фрлени против договорот за нормализирање на односите помеѓу Бахреин и Израел.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека по Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и една друга заливска земја Бахреин постигна договор по прашањето на нормализирање на односите со Израел.

Палестинскста ослободителна организација (PLO), постигнатиот договор помеѓу Бахреин и Израел го окарактеризира како „еден друг предавнички удар (убод) со нож врз палестинската кауза“.

По Египет, Јордан и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Бахреин стана четврта арапска земја која постигна договор за нормализација со Израел.



Слични вести