Бахреин соопшти дека е постигнат договор за воспоставување на дипломатски односи со Израел

Според веста на бахреинската новинска агенција „BNA“, американскиот претседател Доналд Трамп оствари телефонски разговор со бахреинскиот крал Хамад бин Иса Ал Халифа и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

1489344
Бахреин соопшти дека е постигнат договор за воспоставување на дипломатски односи со Израел

Бахреин соопшти дека под надзор на Соединетите Американски држави (САД), е постигнат договор за воспоставување дипломатски односи со Израел.

Според веста на бахреинската новинска агенција „BNA“, американскиот претседател Доналд Трамп оствари телефонски разговор со бахреинскиот крал Хамад бин Иса Ал Халифа и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во веста се им се одделува место на следните зборови на Трамп: „Помеѓу Израел и Бахреин е постигнат договор по прашањето на воспоставување на дипломатските односи во вистинска смисла на зборот.“

Како што се истакнува, американскиот претседател Доналд Трамп го поканил Бахреин да учествува на церемонијата на потпишување на договорот за нормализација што ќе се одржи помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), на 15 септември, во Белата куќа. 

Бахреинскиот крал Хамад ја прифатил оваа покана и за тоа го назначил министерот за надворешни работи Абдулатиф бин Рашид ез-Зејани.

Бахреинскиот крал Хамад бин Иса Ал Халифа го нагласи следното: „Постои потреба од праведен и сеопфатен мир, на основа на меѓународното право и решението со две држави.“

Инаку, по Египет во 1979 година, Јордан во 1994 година и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) на 13 август оваа (2020) година, стана четврта арапска земја која постигна договор за нормализација на односите со Израел.



Слични вести