ЕУ ги продолжи санкциите врз Русија
Согласно другите санкции на ЕУ, земјите-членки не можат да и продаваат оружје на Русија, а Русија е ограничена да купува некои технологии што се користат во секторите на нафта и гас од земјите на ЕУ

Европската унија (ЕУ) донесе одлука за продолжување на времетраењето на рестриктивните мерки наметнати на Русија за уште 6 месеци со образложение дека „ја дестабилизира Украина“.
Советот на Европа соопшти дека поради фактот дека Русија продолжува да ги загрозува територијалниот интегритет, суверенитет и слободата на Украин, беше одлучено ретриктивните мерки коишто Унијата ги спроведува, да продолжат ди 15 март 2021година.
Во соопштението беше подвлечено дека бројот на лицата чии средства биле замрзнати и била применета забрана за патување во согласност со санкциите изнесува 175, а бројот на компании 44.
Согласно другите санкции на ЕУ, земјите-членки не можат да и продаваат оружје на Русија, а Русија е ограничена да купува некои технологии што се користат во секторите на нафта и гас од земјите на ЕУ. Руските јавни банки се оттуѓуваат од финансискиот сектор во Европа. Санкциите, вклучително и ограничувањата на трговијата и инвестициите, се продолжуваат на секои 6 месеци.
Русија во (март) 2014 година, нелегално ги анектираше Автономната Република Крим и градот Севастопол. По анексијата на Крим од Русија и настаните на истокот на Украина, ЕУ, Соединетите Американски Држави (САД) и некои други земји истата година започнаа да воведуваат економски санкции за Русија.