Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 195 илјади 239 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 549 илјади 475

1487968
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
Covid-19.jpg
super covid19 fransa
covid19 guney afrika
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
super covid19 2.jpg
moskova covid.jpg
super ispanya covid-19
super foto ispanya korona.jpg
super foto fransa korona.jpg
super foto belcika korona.jpg
super foto korona roma.jpg
super foto korona las vegas.jpg
super foto korona paris.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 908 илјади лицa, на случаите на зараза изнесува над 28 милиони 025 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 20 милиони 103 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 195 илјади 239 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 549 илјади 475. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи се наоѓа на второ место веднаш по САД и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 128.653 лица, а на случаите на зараза изнесува 4 милиони 199 илјади 332 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 611 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 69.095, додека со регистрирани 4.647 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 647.507 лица.

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.594 лица, а на случаите на зараза достигна до 355.219.

Во Италија, во изминатите 24 часа се регистрирани уште 14 починати со што бројот на смртните случаи се зголеми на 35.577 лица. Со регистрирани 1.434 нови случаи пак, бројот на инфектираните достигна до 281.583 лица. 

Италијанскиот премиер Џузепе Конте истакна дека работат напорно за повторно отворање на училиштата и го рече следното: „Учебната година ќе започне благодарение на овие наши работи. Училиштата ќе бидат отворени на 14 септември.“ Конте воедно информира дека за да би можеле да бидат повторно отворени училиштата и да започне наставата се одделени средства во износ од 7 милијарди евра.

Во Франција, со смртта на уште 30 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите се зголеми на вкупно 30.794, а со регистрирани 8.577 нови случаи на зараза бројот на инфектираните достигна до 344.101 лице. Процентот на позитивните тестови коишто се прават во земјата изнесува 5,2 оттсо.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се искачи на 29.628 лица, а на случаите на зараза достигна до 543.379 лица. 

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 4 милиони 465 илјади 863 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 75.091 лице.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 18.135, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 041 илјада 007 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 22.669 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 393.425. 

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.365 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 299.855.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 31.962 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 328 илјади 263.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 15.168, а потоа следуваат Египет со 5.577, Алжир 1.581, Мароко 1.453, Нигерија 1.070, Етиопија 966, Судан 833, Кенија 607, Камерун 415 починати.

 



Слични вести