Бројот на загинатите во катастрофата од поплави во Судан се зголеми на 103 лица

Во поплавите и надојдените води предизвикани од силните врнежи од дожд коишто продолжуваат веќе неколку месеци во земјата животот го загуби уште едно лице со што вкушниот број на жртвите во оваа катастрофа се зголеми на 103 лица

1487975
Бројот на загинатите во катастрофата од поплави во Судан се зголеми на 103 лица

Бројот на загинатите во катастрофата од поплави во Судан се зголеми на 103 лица, 50 мина се повредени.

Според објавеното соопштение од страна на Министерството за внатрешни работи на Судан, во поплавите и надојдените води предизвикани од силните врнежи од дожд коишто продолжуваат веќе неколку месеци во земјата животот го загуби уште едно лице со што вкупниот број на жртвите во оваа катастрофа се зголеми на 103 лица.

Во катастрофата од поплави исто така се повредени 50 лица, а 69.551 куќи се делумно или целосно оштетени и доведени во неупотреблива состојба.

Во соопштението на Министерството се вели дека од силните врнежи од дожд коишто владеат во 16 од вкупно 18 провинции во земјата се оштетени 4 илјади хектари земјоделски површини, а угинаа и повеќе од 5 илјади ситен и крупен добиток.

Постојаното претставништво на Судан во Обединетите нации (ОН) претходно упати повик до меѓународните организации за доставување итна помош на земјата која е подложена на големи штети од поплавите.

Министерството за наводнување и водни ресурси на Судан исто така соопшти дека нивото на водата на реката Нил е покачено до досега невиден степен во последните 100 години и дека достигна до 18 метри.

Советот за одбрана и безбедност на Судан исто така поради катастрофата од поплави пред извесно време прогласи итна состојба во текот на 3 месеци.



Слични вести