Во напад врз конвојот на првиот заменик претседател на Авганистан Амрулах Салих загинаа 10 лица

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Арјен истакна дека во реализиран напад врз конвојот на првиот заменик претседател Амрулах Салих животот го загубија 10 лица, а 15 мина се ранети

1487870
Во напад врз конвојот на првиот заменик претседател на Авганистан Амрулах Салих загинаа 10 лица

Првиот заменик претседател на Авганистан Амрулах Салих во реализиран напад врз конвојот со возила во кој се наоѓаше е ранет од раката.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Арјен во дадената изјава за печатот истакна дека нападот бил реализиран во моментот на поминување на службеното возило на првиот заменик претседател Амрулах Салих од областа Таимани во главниот град Кабул.

Арјен рече дека во нападот Салих се спасил со тоа што бил ранет во раката, додека животот го загубиле 10 лица, а 15 мина биле ранети.

Од друга страна, првиот заменик претседателот Салих во објавеното соопштение на својот профил на социјалната медија истакна дека во нападот е ранет во раката и дека ваквите напади нема да претставуваат препрека пред неговата борба.

Под дејство на експлозијата беа скршени стаклата на зградите и сите улици коишто водат кон местото на настанот беа затворени за сообраќај.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Слични вести