Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 194 илјади 032 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 514 илјади 231

1487307
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super foto fransa korona.jpg
super foto korona roma.jpg
super foto korona las vegas.jpg
super foto korona paris.jpg
super foto ispanya korona.jpg
Arnavutluk_koronavirüs_tedbirler_5.jpg
super foto ingiltere korona.jpg
super foto ispanya korona.jpg
Covid-19.jpg
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
SPR Barcelona covid.jpg
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 901 илјада 869 лицa, на случаите на зараза изнесува над 27 милиони 740 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 19 милиони 833 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 194 илјади 032 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 514 илјади 231. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи се наоѓа на второ место веднаш по САД и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 127.517 лица, а на случаите на зараза изнесува 4 милиони 165 илјади 124 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 703 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 68.484, додека со регистрирани 5.351 новозаразен бројот на случаите на зараза достигна до 642.860 лица.

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.586 лица, а на случаите на зараза достигна до 352.560.

Во Италија, во изминатите 24 часа се регистрирани уште 10 починати со што бројот на смртните случаи се зголеми на 35.563 лица. Со регистрирани 1.370 нови случаи пак, бројот на инфектираните достигна до 280.153 лица. 

Италијанскиот премиер Џузепе Конте со потпишаната одлука ги продолжи до 7 октомври превентивните мерки коишто продолжуваат да се применуваат и забраната за патување во некои земји.

Во Франција, со смртта на уште 38 лица во изминатите 24 часа бројот на починатите се зголеми на 30.764, а со регистрирани 6.544 нови случаи на зараза бројот на инфектираните достигна до 335.542 лица. Процентот на позитивните тестови коишто се прават во земјата се зголеми на 5,2 оттсо.

Во Шпанија, во последната една недела од Ковид-19 животот го загубија 261 лице со што бројот на смртните случаи се искачи на 29.594. Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 8.964 нови случаи и дека бројот на инфектираните во земјата достигна до 534.513 лица. 

Во меѓувреме, во рамките на новата учебна година којашто вчера започна постепено во Шпанија вчера во главниот град Мадрид почнаа да одат во училиште децата од забавиште и основно училиште. Како што се истакнува во Мадрид едно одделение во една гимназија поради регистриран случај на Ковид-19 е ставено под карантин и учениците се испратени во своите домови на самоизолација.

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 3 лица, а се регистрирани 288 новозаразени. Бројот на смртните случаи во Португалија се зголеми на 1.846, а на случаите на зараза достигна до 60.895 лица.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 4 милиони 370 илјади 128 инфектирани лица е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 73.923.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 17.993, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 035 илјади 789 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 22.542 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 391.112. 

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.359 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 299.659.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 31.801 лице, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 319 илјади 898.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 15.086, а потоа следуваат Египет со 5.560, Алжир 1.571, Мароко 1.427, Нигерија 1.067, Етиопија 949, Судан 833, Кенија 599, Камерун 415 починати.



Слични вести