На состанокот Либиски дијалог во градот Бузника во Мароко се постигнати значајни договори

Членот на делегацијата на Високиот државен совет на Либија Мухамед Халифе Неџм и членот на делегацијата на Претставничкото собрание во Тобрук Јусуф ал-Акури на одржаната прес конференција го прочитаа заедничкото писмено соопштение

1487260
На состанокот Либиски дијалог во градот Бузника во Мароко се постигнати значајни договори

На состанокот Либиски дијалог што се одржува во градот Бузника во Мароко се постигнати значајни договори.

Вчера заврши третиот ден од сесијата разговори на состаноците за дијалог коишто беа водени помеѓу делегациите на либиската Влада и на Претставничкото собрание во Тобрук, политичкиот сојузник на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.

Членот на делегацијата на Високиот државен совет на Либија Мухамед Халифе Неџм и членот на делегацијата на Претставничкото собрание во Тобрук Јусуф ал-Акури на одржаната прес конференција го прочитаа заедничкото писмено соопштение. 

Во соопштението се истакнува дека на состанокот се постигнати значајни договори во врска со утврдувањето на критериумите за „ставање крај на корупцијата и залудното трошење на јавниот имот и на институционалната поделеност“.

Освен тоа, членот на делегацијата на Високиот државен совет на Либија Мухамед Халифе Неџм го рече следното: „Состаноците за политички дијалог во Мароко поминуваат позитивно и конструктивно. Сите се надеваме да се добијат позитивни и конкретни резултати коишто ќе го отворат патот за сеопфатното политичко решение на територијата на целата земја.“

Во заедничкото соопштение се истакнува дека засега не се потпишани договорите за коишто станува збор.

Од друга страна, еден анонимен функционер од Министерството за надворешни работи на Мароко истакна дека состаноците коишто 3 дена како продолжуваат во градот Бузника ќе започнат повторно денеска за разгледување на одредени детали на договорот помеѓу страните.

На состанокот Либиски дијалог учествуваат делегациите на либиската Влада и на Претставничкото собрание во Тобрук, политичкиот сојузник на Халифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на Либија.

 



Слични вести