Договорот за нормализација помеѓу Израел и ОАЕ ќе биде потпишан на 15 септември во Белата куќа

Високи функционери на Белата куќа истакнаа дека официјалната церемонија на потпишување на постигнатиот договор помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати ќе се одржи на 15 септември во Белата куќа во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп

1487268
Договорот за нормализација помеѓу Израел и ОАЕ ќе биде потпишан на 15 септември во Белата куќа

Официјалната церемонија на потпишување на договорот за „целосно нормализирање на односите“ помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе се одржи на 15 септември во Соединетите Американски Држави (САД).

Високи функционери на Белата куќа кои дадоа изјава за печатот и посакаа да останат анонимни, на одржаната видеоконференција дадоа изјави во врска со договорот помеѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Овие функционери истакнаа дека официјалната церемонија на потпишување на постигнатиот договор помеѓу двете земји ќе се одржи на 15 септември во Белата куќа во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп. 

Истите функционери информираа дека на чело на делегациите на чинот на официјално потпишување на договорот помеѓу двете земји се очекува да бидат израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају и министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Абдулах бин Зајед Ал Нахјан, братот на принцот престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Мухамед бин Зајед Ал Нахјан.

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп на 13 август соопшти дека Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) постигнаа договор за „целосно нормализирање на односите“.

Со тоа, по Египет во 1979 година и Јордан во 1994 година, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) станаа трета арапска земја која постигна договор за нормализација на своите односи со Израел.

 



Слични вести