Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 193 илјади 534 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 485 илјади 585

1486654
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 896 илјади 869 лицa, на случаите на зараза изнесува над 27 милиони 490 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 19 милиони 591 илјада заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 193 илјади 534 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 485 илјади 585 инфектирани. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на над 127 илјади лица, а на случаите на зараза изнесува над 4 милиони 147 илјади лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 223 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 67.781, додека со регистрирани 3.486 новозаразени бројот на случаите на зараза достигна до 637.509 лица.

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.554 лица, а на случаите на зараза достигна до 350.100.

Во Италија, во изминатите 24 часа се регистрирани уште 12 починати со што бројот на смртните случаи се зголеми на 35.553 лица. Со регистрирани 1.108 нови случаи на зараза пак, бројот на инфектираните достигна до 278.784 лица. 

Во меѓувреме, во регионот Алто-Адиџе во северниот дел на земјата започна новата учебна година. По пауза од 6 месеци приближно 92 илјади ученици се вратија во своите училишта под преземени превентивни мерки против коронавирусот.

Во Франција, досега животот го загубија вкупно 30.726, додека бројот на случаите на зараза изнесува 328.980 лица.

Во Шпанија, во последната една недела од Ковид-19 животот го загубија 237 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 29.516. Министерството за здравство соопшти дека во последните 3 дена се регистрирани 26.560 нови случаи и дека бројот на инфектираните во земјата достигна до вкупно 525.549 лица. 

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 3 лица, а се регистрирани 249 новозаразени. Бројот на смртните случаи во Португалија се зголеми на 1.843, а на случаите на зараза на 60.507 лица.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 4 милиони 280 илјади 422 инфектирани лица е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 72.816.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 17.871, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 030 илјади 690 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 22.410 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 388.810. 

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.350 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 299.233.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 31.575 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 312 илјади 326.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 15.004, а потоа следуваат Египет со 5.541, Алжир 1.562, Мароко 1.394, Нигерија 1.061, Етиопија 933, Судан 833, Кенија 599, Камерун 415 починати.

 

 



Слични вести