Рускиот министер за надворешни работи Лавров разговараше телефонски со српскиот претседател Вучиќ

Во објавеното соопштение од руското Министерство за надворешни работи се истакнува дека во телефонскиот разговор на Сергеј Лавров со српскиот претседател Александар Вучиќ станало збор за прашањето со Косово

1485862
Рускиот министер за надворешни работи Лавров разговараше телефонски со српскиот претседател Вучиќ

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по одлуката на Србија за пренесување на својата амбасада во Израел од Тел Авив во Ерусалим (Кудс), оствари телефонски разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Во објавеното соопштение од руското Министерство за надворешни работи се истакнува дека во телефонскиот разговор на Лавров со Вучиќ станало збор за прашањето со Косово.

Во соопштението се вели следното: „Нагласено е дека не е променета позицијата на Русија по прашањето на изнаоѓање на трајно и здраво решение за Косово во рамките на резолуцијата број 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации.“

Во соопштението се напоменува дека во остварениот телефонски разговор биле разгледани и односите за „Стратешко партнерство“, а воедно се додава и следното: „Вучиќ, информираше  во врска со резултатите од остварените разговори минатата недела во главниот град на Соединетите Американски Држави (САД), Вашингтон и преговорите коишто ќе се одржат во главниот град на Белгија, Брисел.“



Слични вести