Реакција од Палестина против Србија и Косово

Саиб Урејкат рече: „Палестина ќе ги прекине своите односи со земјите кои ќе отворат своја амбасада во Ерусалим (Кудс) или ќе ја пренесат својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс)“

1485859
Реакција од Палестина против Србија и Косово

Палестинската управа соопшти дека ќе ги прекине своите односи со земјите кои ќе отворат своја амбасада во Ерусалим (Кудс) или ќе ја пренесат својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).

Генералниот секретар на Извршниот совет на Палестинската ослободителна организација (PLO) Саиб Урејкат во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер без да изговори ничие име ги предупреди Србија која донесе одлука за пренесување на својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс) и Косово кое истакна дека ќе го признае Израел и ќе отвори своја амбасада во Ерусалим (Кудс).

Упатувајќи повик до сите земји да го почитуваат меѓународното право, Урејкат го рече следното: „Палестина ќе ги прекине своите односи со земјите кои ќе отворат своја амбасада во Ерусалим (Кудс) или ќе ја пренесат својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс). Кршењето на меѓународното право не е показател на моќност, туку на слабост.“

Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп на 4 септември на средбата помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти во Белата куќа, во Вашингтон, на која беше потпишан договорот за нормализација на економските односи помеѓу Белград и Приштина, истакна дека Србија својата амбасада во Израел од Тел Авив ќе ја пренесе во Ерусалим (Кудс), а воедно и Косово ќе ги нормализира своите односи со Израел.

Притоа за време на овие изјави на Трамп во Белата куќа пред камерите се виде и зачуденоста на српскиот претседател Александар Вучуќ од содржината на текстот што го потпиша.

Во меѓувреме, и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Косово кое донело одлука за нормализација на односите со неговата земја ќе отвори своја амбасада во Ерусалим (Кудс).



Слични вести