Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот

Во Соединетите Американски Држави (САД) бројот на смртните случа се искачи на над 193 илјади 250 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 460 илјади 250 инфектирани

1485930
Преглед на состојбата со коронавирусот (Ковид-19) во светот
super foto fransa korona.jpg
super foto belcika korona.jpg
super foto korona las vegas.jpg
super foto korona paris.jpg
Arnavutluk_sonbahar korona tedbirleri_5.jpg
super foto ingiltere korona.jpg
super korona brezilya.jpg
super covid19 hindistan.jpg
Covid-19.jpg
covid19 guney afrika
super covid19 fransa
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 887 илјади 555 лицa, на случаите на зараза изнесува над 27 милиони 293 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 19 милиони 377 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 193 илјади 250 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 6 милиони 460 илјади 250 инфектирани. 

Во латиноамериканската држава Бразил, која по смртните случаи и случаите на зараза веднаш по САД се наоѓа на второ место во светот и која се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на вкупно 126.686, а на случаите на зараза достигна до 4 милиони 137 илјада 606 лица.

Во Мексико, во изминатите 24 часа од коронавирусот животот го загубија уште 232 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 67.558, додека со регистрирани 4.614 новозаразени лица бројот на случаите на зараза достигна до 634.023 лица.

Во Велика Британија, со најголем број починати од коронавирусот во Европа, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 41.551 лице, а на случаите на зараза достигна до 347.152.

Во Италија, бројот на смртните случаи се зголеми на 35.541 лице, а  на случаите на зараза достигна до 277.634 лица. 

Во Франција, досега животот го загубија вкупно 30.724, додека бројот на случаите на зараза изнесува 324.777 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 29.418, а на инфектираните достигна до вкупно 517.133 лица. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други западни земји е вака:

Перу 29.838

Колумбија 21.412

Чиле 11.592

Белгија 9.907

Германија 9.401

Канада 9.145

Аргентина 9.859

Еквадор 6.724

Холандија 6.243

Шведска 5.835

Боливија 5.398

Романија 3.893

Полска 2.120 

Швајцарија 2.013

Португалија 1.840

Молдавија 1.063

Србија 724

Бугарија 676

Босна и Херцеговина 655

Северна Македонија 617

Албанија 316

Грција 284

Хрватска 198

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 4 милиони 204 илјади 613 инфектирани лица е во положба на трета земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 71.687.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на 17.820, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 025 илјади 505 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 22.293 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 386.658. 

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.345 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 298.903. 

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 во некои други азиски и арапски земји е вака: 

Индонезија 8.025

Ирак 7.512

Бангладеш 4.479

Саудиска Арабија 4.081

Филипините 3.875

Украина 2.846

Авганистан 1.412

Јапонија 1.357

Израел 1.019

Белорусија 711

Јужна Кореја 336

Бахреин 199

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 31.357 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 305 илјади 252.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 14.889, а потоа следуваат Египет со 5.530, Алжир 1.556, Мароко 1.361, Нигерија 1.057, Етиопија 918, Судан 833, Кенија 597, Камерун 415, Сенегал 290 починати.



Слични вести